Пресечена црвената лента на штипската фабрика на „Актива“

Bez autora
Mar 18 2015

Денеска во новата индустриска зона „Запад“ кај Штип свечено беше пуштена во работа новата фабрика на штипската градежна компанија „Актива“, која ќе работи под името „Актива аутомотив“ . На свеченоста присуствуваа Филип ван Хоол, сопственик на најголемата европска фабрика за автобуси „Ван Хоол“ од Белгија, за која е наменета производната програма на „Актива аутомотив“, вицепремиерот Владимир Пешевски, директорот на ТИРЗ Виктор Мизо и Веле Самак, министер за странски инвестиции. Иле Николов, директор на „Актива“, напомена дека првата фабрика за заварени склопови за автобусите на белгиската компанија „Ван Хоол“, изградена во новата индустриска зона „Запад“, располага со близу 9.000 квадратни метри и со најсовремени машини, во што се инвестирани 4,5 милиони евра.

Пресечена црвената лента на штипската фабрика на „Актива“Денеска во новата индустриска зона „Запад“ кај Штип свечено беше пуштена во работа новата фабрика на штипската градежна компанија „Актива“, која ќе работи под името „Актива аутомотив“ .

На свеченоста присуствуваа Филип ван Хоол, сопственик на најголемата европска фабрика за автобуси „Ван Хоол“ од Белгија, за која е наменета производната програма на „Актива аутомотив“, вицепремиерот Владимир Пешевски, директорот на ТИРЗ Виктор Мизо и Веле Самак, министер за странски инвестиции.

Иле Николов, директор на „Актива“, напомена дека првата фабрика за заварени склопови за автобусите на белгиската компанија „Ван Хоол“, изградена во новата индустриска зона „Запад“, располага со близу 9.000 квадратни метри и со најсовремени машини, во што се инвестирани 4,5 милиони евра.

„Камен-темелникот го поставивме на 23 април минатата година, фабриката со производство започна во октомври, а денес само го проследуваме чинот на свеченото отворање. Во новата фабрика отворивме 100 нови работни места, со што за неполни три години од 120 „Актива“ израсна во колектив со над 300 вработени од кои 10 проценти се високообразовен кадар од металска, машинска и електро струка“, рече Николов. Тој се заблагодари на Општина Штип за големата поддршка во реализацијата на проектот, посочувајќи дека се работи за капитална инвестиција, за производство што не е текстил, што за Штип е една сосема невообичаена практика.

За вицепремиерот Пешевски, новата фабрика е нешто што во модерниот свет се нарекува „функционална економија“. „За две години, развојниот концепт на ’Актива‘ планира бројот на вработени да се заокружи на 500 лица. Оваа компанија реализира производи кои се конкурентни на светскиот пазар зашто автобусите на ’Ван Хоол‘ во чие производство значаен удел има и ’Актива‘ се продаваат во цел свет. Тоа што оваа штипска компанија денес работи за најдобрите компании во светот е нешто што високо ја издигнува конкурентноста на она што е произведено во Македонија“, рече Пешевски.

Филип ван Хоол, сопственик на белгиската компанија, го изрази своето задоволство што му се укажала прилика да ги запознае штипските стопанственици Иле Николов и Аргир Лазовски, сопственици на „Актива“.

„За деловна соработка во Македонија разговаравме со многу фирми за да се увериме на крајот дека во Николов и Лазовски го имаме најдобриот избор. ’Актива‘ стана лидер во овој регион кој работи за нашите автобуси во Белгија и во Македонија, но ова е само почеток на нешто многу поголемо и повредно, зашто ние допрва ќе ја издигаме деловната соработка на многу повисоко ниво“, рече сопственикот на белгиската компанија за производство на автобуси.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik